КОМПЕТИЦИЈА КАМЕРА 300


Благоја КУНОВСКИ - ДОРЕ
Благоја КУНОВСКИ - ДОРЕСелектор и уметнички директор

Времињата во кои светот ја препознава својата цивилизациска реалност, за жал, се оловно тешки од многу аспекти кои ја отсликуваат декаденцијата на човештвото. Вистинските автори не можат да останат слепи на тоа и да ја кријат вистината под тепих.

Во селекцијата на Камера 300 природно морав да вклучам што повеќе филмови со таква, би рекол, експлозивна визуелна динамика што ги одразува и надградува идеите на сценаристите и режисерите. Таква група експлозивни филмови инспирирани од светската современост се:

БЕДНИЦИ/LES MISERABLES, во кој косценаристот и режисер Лаџ Ли/Ladj Ly, тргнувајќи од свои искуства, ја опсервира современа Франција. Како ехо на демонстрациите на „жолтите елеци”, во едно париско гето, социјално-класната дијаметрална поделеност од богатите, како своевидна урбана герила, е насликана од експлозивно одличната снимателска екипа, предводена од кинематограферот Жулиен Пупард/Julien Poupard; ЕЗЕРОТО НА ДИВИТЕ ГУСКИ/WILD GOOSY LAKE е застрашувачка хроника на современото кинеско општество со гангстерското подземје, што е цена на „прогресот”. Бескомпромисно видување на сценаристот режисер Јинан Диао/Yinan Diao, чиј кинематографер Јинсонг Донг/Jinsong Dong ја донесува визуелната егзекуција;

БИКОТ/THE BULL  и  ПИРАНИ/PIRANHA се сродни на претходниот филм, во првиот авторот Борис Акопов/Boris Acopov ни го доловува руското подземје на гангстерските банди од времето на Јелцин, а тоа динамично експлозивно го слика младиот талентиран кинематографер Глеб Филатов/Gleb Filatov. Во вториот, режисерот Клаудио Џованези/Claudio Giovannesi ја гради ескалацијата на тинејџерското подземје и војната на неаполските гангстерски бaнди низ визуелната  хроника на искусниот кинематографер режисер  Даниеле Чипри/Daniele Cipri;

СИНОНИМИ/SYNONIMES на режисерот Надав Лапид/Nadav Lapid е внатрешна психоексплозија на еден млад Израелец, кој, бегајќи од својот идентитет полн со фрустрации,  осамнува  во Париз учејќи француски, што е индиректно и коментар на загрижувачкиот антисемитизам, а кинематограферот  Шаи Голдман/Shai Goldman, неговата 7/24 одисеја ја следи како визуелен сведок;

Романскиот СВИРКАЧИТЕ/THE WHISTLERS е ефектен полициско-гангстерски трилер на искусниот сценарист режисер Корнелиу Порумбоју/Corneliu Porumboiu, чии заплети од подземјето и бизарноста на свиркачкиот ритуал кинематограферот Тудор Мирчеа/Tudor Mircea ги преточува во визуелна загатка со импресивно аудиовизуелно финале.

Дека социјалните општествени неправди се постојана борба на обесправените од работничката класа и ним сличните, кои се борат за преживување во стегите на суровиот капитализам, но и како ехо на зачнатата авантура со брегзит, сведочи најновото дело на водечкиот британски тандем, сценаристот Пол Лаверти/Paul LAVERTY и режисерот Кен Лоуч/Ken Loach- филмот, ЖАЛИМЕ ШТО ВЕ ПРОМАШИВМЕ/SORRY WE MISSED YOU, во кој искусниот кинематографер Роби Рајан/Robby Ryan со документаристичка  непосредност го слика распадот на едно семејство.

Два филма инспирирани од прозно дело ја демонстрираат својата епска димензија, тоа се бразилскиот НЕВИДЛИВИОТ ЖИВОТ НА ЕУРИДИСЕ ГУЗМАО/THE INVISIBLE LIFE OF EURIDICE GUSMAO и норвешко-данскиот  КРАДЕЊЕ КОЊИ/OUT STEALING HORSES. Во првиот, драмата на две сестри трагично разделени, со ефектна режија на Карим Ајнуз/Karim Ainouz, кому тропското поднебје на вечниот Рио со сета животна драматика му го преточува визуелно зашеметувачки една од водечките француски кинематограферки, Хелен Лувар/Helene Louvart. Во вториот, искусниот, водечки норвешки сценарист режисер Ханс Петер Моланд/Hans Petter Moland, со извонредната визуелна надградба во разни сезонски амбиенти, на дофат на исконската убавина на природата, со мајсторството на данскиот кинематографер  Расмус Видебек/Rasmus Videbek, нè воведува во животната парабола, од детството до сегашноста на централната личност.

Два филма се карактеризираат со суптилност во режијата и осoбено во визуелниот израз на доловување на психодрамите: германскиот ЛАРА/LARA на режисерот Јан-Оле Герстер/Jan-Ole Gerster, во кој откритието на „Браќа Манаки“, наш лауреат и многукратниот учесник во нашата компетиција, сега искусниот и водечки германски кинематографер Френк Грибе/Frank Griebe ни ја доближува морално психолошката драма на мајката Лара. Исландскиот БЕЛ, БЕЛ ДЕН/A WHITE, WHITE DAY , на водечкиот режисер на оваа мала, но витална кинематографија, Хлинур Палмасон/Hlynur Palmason, исто така гради морална психодрама за изневерената љубов, а талентираната млада кинематограферка  Мариа фон Хаусволф/Maria von Hausswolff на филмот му вбризгува магиски поетска фотографска гама, што е суштината на креативната убавина на овој мал-голем филм.

Конечно, како врв на задоволството за квалитетната селекција во Компетицијата Камера 30, е ремек-делото, според мене моралниот победник во Кан, БОЛКА И СЛАВА/DOLOR Y GLORIA/PAIN AND GLORY, автобиографска визија за себе како човек и уметник, на сценаристот режисер Педро Алмодовар/Pedro Almodovar, што со маестрална колоратурна лепеза ја збогатува нашиот претходен лауреат на „Златната камера 300“ за животен опус, великанот, кинематограферот Хосе Луис Алкаине/Jose Luis Alcaine.

Благоја Куновски – ДОРЕ
Селектор и уметнички директор

АЈКА / AYKA / MY LITTLE ONE

Германија, Полска / 2018 / 100’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Sergey DVORTSEVOY Сценарио/Scr.: Sergey DVORTSEVOY & Gennady OSTROVSKIY Кинематографер/Cinematographer: Jolanta DYLEWSKA Монтажери/Editors: Sergey DVORTSEVOY & Petar MARKOVICH Продуценти/Producers: Sergey DVORTSEVOY, Martin HAMPEL, […]

Find out more »
BIG HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

ПИРАНИ / LA PARANZA DEI BAMBINI / PIRANHAS

Италија/ 2019 / 105’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Claudio GIOVANNESI Сценарио/Scr.: Maurizio BRAUCCI & Claudio GIOVANNESI Кинематографер/Cinematographer: Daniele CIPRI Монтажер/Editor: Giuseppe TREPICCIONE Музика/Music: Andrea MOSCIANESE Продуценти/Producers: Carlo Degli ESPOSTI & Nicola SERRA […]

Find out more »
BIG HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

БИКОТ /BYK/THE BULL

Русија / 2019 / 99’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија&Сценарио/Director&Scr.: Boris AKOPOV Кинематографер/Cinematographer: Gleb FILATOV Монтажер/Editor: Boris AKOPOV Музика/Music: Boris AKOPOV & Anton BULLE Продуценти/Producers: Fedor POPOV & Vladimir MALYSHEV Продукција/Production: VGIK-DEBUT, Moscow, […]

Find out more »
BIG HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

ЖАЛИМЕ ШТО ВЕ ПРОМАШИВМЕ /SORRY WE MISSED YOU

Обединето Кралство, Франција, Белгија / 2019 / 100’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Ken LOACH Сценарио/Scr.: Paul LAVERTY Кинематографер/Cinematographer: Robbie RYAN Монтажа/Editor: Jonathan MORRIS Музика/Music: George FENTON Продуцент/Producer: Rebecca O’BRIEN Продукција/Production: WHY NOT […]

Find out more »
BIG HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

ЛАРА / LARA

Германија / 2019 / 96’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Jan-Ole GERSTER Сценарио/Scr.: Blaz KUTIN Кинематографер/Cinematographer: Frank GRIEBE Монтажер/Editor: Isabel MEIER Музика/Music: Arash SAFAIAN Продуценти/Producers: Marcos KANTIS, Martin LEHWALD & Michal POKORNY Продукција/Production: […]

Find out more »
BIG HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

ЕЗЕРОТО НА ДИВИТЕ ГУСКИ /NAN FANG CHE ZHAN DE JU HUI/THE WILD GOOSE LAKE

Кина, Франција / 2019 / 113’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија&Сценарио/Director&Scr.:Yinan DIAO Кинематографер/Cinematographer:Jinsong DONG Монтажери/Editors:Matthieu LACLAU &Jinlei KONG Музика/Music: B6 Продуцент/Producer: Shen YANG Продукција/Production:GREEN RAY FILMS, Shanghai-China & MEMENTO FILMS PRODUCTION-France Color/DCP Јазик/Language:мандарински/Mandarin […]

Find out more »
BIG HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map