М-р Гена Теодосиевска
М-р Гена ТеодосиевскаСелектор на документарната програма

НЕВЕРОЈАТНО ГЛАСНО

Од почетокот на овој нов, непредвидлив 21 век почна да се одвива најголемата миграција на народите од настанувањето на светот, на оној свет за кој сме свесни и за кој уредно водиме евиденција. Во неколку меѓународни хуманитарни организации постојат податоци дека за овие 19 години, повеќе од 40 милиони луѓе ги напуштиле земјите во кои се родени во потрага по слобода, правда, признание, достоинствен живот, подобар живот, живот од соништата, во потрага по пивка вода, храна, лекови, скромно живеалиште, иднина за своите деца…во потрага за мир и спокојна ноќ. Нивните дестинации често се неодредени. Тие патуваат од една до друга граница и очекуваат да им се упати еден поглед, да им се подари минута милосрдие. Нивните приказни одекнуваат потресно, често сурово, неверојатно за либералниот свет. Зар е можно, а ние за тоа ништо не знаеме? Можеби не сме сакале да ни се наруши удобното секојдневние, па ние сите си имаме свои проблеми, нерешливи, големи, комплицирани, а можеби тие нивни страданија навистина не стигнале до нас!? Не стигнало до нас дека ѕверот е пуштен на слобода, а слободата е заробена. Тоа го читаме во нивниот молк, а за тоа не смее да се молчи. Тие вистини мораат гласно да одекнат. Неверојатно гласно.  Лагите мораат да се анулираат, неверојатно брзо. Секоја приказна за другиот, содржи приказна и за оној што ја раскажува, така е во документарниот филм. Таа – приказната на раскажувачот, можеби на прв поглед е невидлива, дури и скриена, но низ сите филмски постапки многу ни кажува за авторот на филмот, затоа секој документарец носи по две основни стории, онаа на протагонистот и онаа на авторот. Неретко филмаџиите кои му се посветуваат на овој филмски жанр, преку своите филмови се  запознаваат и себеси. Тоа сум го забележала на секоја средба со нив. И тоа е добро, тоа е симбиозата на уметноста и животот, таа нераскинлива врска на двете судбини, различни, а исти во својот ентитет.  Документаристиката во својата суштина е откривање, соголување, кое ретко нѐ остава рамнодушни, дури и кога сме прописно „вооружени“ со својата цивилизациска придобивка – здравиот разум. Тој не ни помага многу кога ги гледаме девастирачките снимки од сѐ уште активните боишта, кога сме немоќни да ги заштитиме послабите, кога сме гневни на неправдите што се случуваат токму пред нас. Светот е претворен во боиште на илузии и лажни вести, во парада на суети и разнишани вредности, прекршени ветувања и долги очекувања на невозможното. Затоа документарниот филм е важен, бидејќи ја исклучува пристрасноста и ни ја „истура“ пред нас реалната состојба на еден човек, една жена, едно дете, еден научник, еден татко, една нација, еден цел универзум. Затоа документарниот филм е толку фасцинантен, толку ужасно важен, меѓу другото преку него имаме шанса да му погледнеме на ѕверот во очи и не само тоа, нашите поколенија очекуваат од нас да го уништиме, да го победиме. Затоа публиката и авторите на документарниот филм се разбираат меѓусебно. Нивните интеракции се дополнуваат, филмаџиите реагираат, публиката ја дознава вистината. Во документарната програма на ова по многу нешта за мене посебно издание, селектирав 10 документарни филмови кои се мала слика за светот. Нивната исклучителност очекувам да ја проверите, бидејќи еден од нив ќе ја понесе наградата на градот во кој со својата „Камера 300“ дејствувале двајцата браќа Јанаки и Милтон Манаки.

М-р Гена Теодосиевска
Селектор на документарната програма

ДАЛЕЧНОТО ЛАЕЊЕ НА КУЧИЊА / THE DISTANT BARKING OF DOGS

Данска, Шведска, Финска / 2017 / 91’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Simon Lereng Wilmont Кинематографер/Cinematographer: Simon Lereng Wilmont Сценарио/Screenwriter: Simon Lereng Wilmont УЛОГИ Oleg Afanasyev, Alexandra Ryabichkina & Jarik СОДРЖИНА ДАЛЕЧНОТО ЛАЕЊЕ НА КУЧИЊА се случува во Источна […]

Find out more »
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

АДВОКАТКА / ADVOCATE

Израел, Канада, Швајцарија / 2019 / 108’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Rachel Leah Jones & Philippe Bellaïche Кинематографер/Cinematographer: Philippe Bellaïche УЛОГИ Lea Tsemel & Michael Warschawski СОДРЖИНА Леа Цемел ги брани Палестинците: од феминистки до […]

Find out more »
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

ТАТКО МИ, ШПИОНОТ / MY FATHER THE SPY

Латвија, Германија, Чешка, Естонија / 2019 / 85' РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Gints Grube & Jaak Kilmi Кинематографер/Cinematographer: Aigars Sērmukšs Сценарио/Screenwriter: Gints Grube & Jaak Kilmi СОДРЖИНА Како млада советска студентка во 1978 година, […]

Find out more »
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

ЖЕНСКО ЗАДОВОЛСТВО / FEMALE PLEASURE

Швајцарија, Германија / 2018 / 97` РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Barbara Miller Кинематографер/Cinematographer: Jiro Akiba, Gabriela Betschart & Anne Misselwitz Сценарио/Screenwriter: Barbara Miller УЛОГИ Deborah Feldman, Leyla Hussein, Rokudenashiko & Doris Wagner СОДРЖИНА Филмот заговара ослободување […]

Find out more »
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

ЏОНАТАН АГАСИ МИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ / JONATHAN AGASSI SAVED MY LIFE

Германија, Израел / 2018 / 106’  РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Tomer Heymann Кинематографер/Cinematographer: Addie Reiss, Tomer Heymann & Jonathan Agassi Сценарио/Screenwriter: Tomer Heymann СОДРЖИНА Џонатан Агаси, еден од светски најпознатите геј-порноѕвезди, го поминува времето […]

Find out more »
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map