ДА ЗАПОМНИМЕ


Владимир Ангелов
Владимир Ангелов
Стојан Синадинов
Стојан Синадинов

ИМЕТО НА ФИЛМСКИОТ ЗАПИС

Селекцијата на Кинотеката на Република Северна Македонија на македонски филмски дела за годинешното јубилејно 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е составена од наслови од најразлични периоди во македонската историја на филмот, во распон од безмалку еден век. Таа е составена од целокупниот филмски опус (во времетраење од 50 мин.) на браќата Милтон и Јанаки Манаки (1905 – 1930, според кажувањата на Милтон Манаки); долгометражните играни филмови ВОЛЧА НОЌ (1955) на Франце Штиглиц, МАКЕДОНСКИ ДЕЛ ОД ПЕКОЛОТ (1971) на Ватрослав Мимица, ЈАД (1975) и ЈАЗОЛ (1985) на Кирил Ценевски, ТЕТОВИРАЊЕ (1991) на Столе Попов и МАКЕДОНСКА САГА (1993) на Бранко Гапо; како и краткиот документарен филм ПОЛНОЌНИ ТАНЦУВАЧИ (1985) на Мето Петровски. Филмовите на браќата Манаки се неизбежни на еден ваков јубилеј. Сепак, од нив почна сè. Додека другите селектирани филмови, т.е. нивните директори на фотографија, сите од ред, се наградени на овој наш фестивал и затоа ги апострофираме делата на великаните на македонската филмска фотографија: Мишо Самоиловски, кој има добиено Златна плакета за ПОЛНОЌНИ ТАНЦУВАЧИ; Владимир Самоиловски, со Бронзена камера 300 за МАКЕДОНСКА САГА; Бранко Михајловски – кој стана доајен на фестивалот во 1994 г.; Драган Салковски, кој е награден за најдобра камера и со Златна плакета „Милтон Манаки“  за ЈАЗОЛ; Киро Билбиловски, кој е добитник на посмртна награда за снимателска дејност; и Љубе Петковски на кој советот на фестивалот во 1988 г. му доделува голема златна статуетка „Милтон Манаки“ за траен придонес во развојот на македонското и југословенското снимателско творештво. Селекцијата, од друга страна, пак, го обединува совладувањето на широк спектар жанрови во македонската кинематографија како воениот трилер и психолошката драма во ВОЛЧА НОЌ, МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛ ОД ПЕКОЛОТ (кој патем е снимен во битолско) и ЈАЗОЛ; историскиот драматичен еп во ЈАД; затворската драма како метафора за актуелното општество во ТЕТОВИРАЊЕ; драмата за забранетата љубов а ла Ромео и Јулија во МАКЕДОНСКА САГА; егзистенцијалната љубовна драма во ЈАЗОЛ; авторски документарец во ПОЛНОЌНИ ТАНЦУВАЧИ…

*           *           *

Самоукост. Сите знаеме што значи самоук човек, па веројатно затоа дигиталните речници и не му придаваат големо значење. Во океанот на информации каков што е интернетот одвај да можете да ја најдете дефиницијата на некој што е самоук: „Човек што научил нешто сам, без раководител или туѓа помош“. Информатичката навигација, пак, ќе ве доведе до терминот „автодидакт“. Исто значење, само што, можеби, има малку пофенси призвук поради стариот, латински јазик. Дали почетоците на македонската кинематографија – а тука е и фестивалот на филмската камера како нејзин најстар облик на манифестација што го слави филмот  – се засноваат на самоуките занесеници во подвижните слики? Секако. Впрочем, нема никаква разлика со почетоците на кинематографиите на тлото на САД, Русија, Европа или Велика Британија. Филмот почнал како технички изум, продолжил како нова „циркуска“ забава за народот, завршува како нова уметност… Но, како ретко која уметност до денес, секогаш се потпирал на тие три столба: технологија, забава и естетика. Ако сакаме да понудиме пластична метафора, нешто слично како „трипод“, троногиот постамент за филмска камера: со две ногалки немате стабилност, а со четири немате доволно простор за манипулација околу камерата. Но, дури кога филмската фотографија ќе ги обедини овие три елементи – и тоа на „незабележителен“ начин, просто како движењето воздух во киносалата – дури тогаш таа го добива печатот на креативците зад филмската камера. Едноставно, тогаш филмската фотографија добива име и презиме или, едноставно, автор.

Ако од селекцијата се тргнат настрана документарните филмски записи на браќата Манаки од пионерскиот период во развојот на кинематографијата, имаме прилично детална слика за развојот на македонската кинематографија. Во документарниот филм на Роберт Јанкулоски МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ, има еден мал детаљ кој на наједноставен начин ја објаснува не само снимателската техника на Милтон Манаки туку и неговата филозофија на филмот. Милтон низ целата кариера како фотограф и филмски снимател, кога фотографирал некого редовно велел: „Една за мене, една за историјата!“. Во таа своевидна „мантра“ на Милтон, може да ја сместиме и филозофијата на филмот низ призма на Кинотеката – подвижните слики се записи за историјата. Но не само документарните филмови, и играните се податен материјал за историско-социолошко-општествено толкување. Документарните записи на браќата Манаки ни даваат делумен увид во т.н. „голема историја“ –  но се и материјал за социолошко-етнолошко-културолошко толкување на „обичниот живот“ на Балканот од почетокот на 20 век. Не е ништо поразлично – но, секако, е далеку повеќеслојно и побогато – толкувањето на историјата, културата, политиката, општеството, обичаите во другите филмови во оваа селекција.

На новинарите и филмските критичари мошне добро им се познати скромноста и неразговорливоста на кинематограферите. Слично како кога пред 40-тина години некоја упорна новинарка му додевала на легендарниот белградски театарски и филмски актер Зоран Радмиловиќ: „А како вие глумите?“, а Радмиловиќ ѝ плеснал – „Фино, почнуваш и глумиш!“, така некако е и со македонските кинематографери. Браќата Милтон и Јанаки Манаки биле самоуки фотографи, а подоцна и филмски сниматели, а така и Киро Билбиловски, Љубе Петковски, Бранко Михајловски, Мишо Самоиловски, подоцна и Драган Салковски и Владимир Самоиловски продолжиле да го создавале „македонскиот дел од кинематографијата“: еснафски. Учејќи го занаетот од колегите, „крадејќи“ од постарите и поискусните, созревајќи како креативци во технички-технолошки скудната продукција во втората половина на 20 век. Така станаа најеминентни чинители на нашата кинематографија. Мишо Самоиловски во едно интервју кон средината на 90-тите години од минатиот век ќе каже дека македонските кинематографери и со „канти“ од камери и придружна техничка опрема (светло, тон) знаат да направат филм, додавајќи: „На снимањата секогаш се наоѓав веднаш зад режисерот, без разлика дали е доајен или почетник, бидејќи морав да го гледам тоа што го гледа режисерот, само така се снима филм“.  И ја зеле камерата и снимале.

Нашите кинематографери имале желба и љубов за тој занает, трпеливост да го усовршат на еден старомоден витешки начин, од чираци, преку калфи, до МАЈСТОРИ на филмската фотографија. Со упорноста и креацијата стекнале дузина дипломи и награди на фестивалите во Југославија, Европа и светот.  Ако, пак, Јанаки Манаки го упатувал неговиот 4 години помлад брат Милтон во фотографскиот занает, има ли нешто поблагородно кога снимателскиот занает се пренесува токму како во преданијата, од колено на колено, од мајстор на чирак, или од татко на син како кај Мишо (татко) и Владимир Самоиловски (син) или Драган (татко) и Томи (син) Салковски.

Владимир Љ. Ангелов / Стојан Синадинов

ВОЛЧА НОЌ / WOLF’S NIGHT

Македонија / 1955 / 83’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: France Stiglic Кинематографер/Cinematography: Branko Mihajlovski & Ljube Petkovski Сценарио/Screenwriter: Slavko Janevski УЛОГИ Dragi Krstevski - Amfi, Saveta Malinska, Petre Prlicko & Dragomir Felba […]

Find out more »
Magaza gallery, Magnolia Square
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

ЈАД / ANGUISH

Македонија / 1975 / 119’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Kiril Cenevski Кинематографер/Cinematography: Ljube Petkovski Сценарио/Screenwriter: Kiril Cenevski УЛОГИ Darko Damevski, Fabijan Shovagovic, Sabina Ajrula, Oleg Vidov, Nada Geshovska & Marga Potocka СОДРЖИНА […]

Find out more »
Magaza gallery, Magnolia Square
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

ЈАЗОЛ / KNOT

Македонија / 1985 / 117’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Kiril Cenevski Кинематографер/Cinematography: Dragan Salkovski Сценарио/Screenwriter: Slavko Janevski УЛОГИ Lazar Ristovski, Aco Jovanovski, Kiril Ristovski, Kostadinka Velkovska & Petar Arsovski СОДРЖИНА Дејството на […]

Find out more »
SMALL HALL – Cultural Centre Bitola, Shirok Sokak bb
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

МАКЕДОНСКИ ДЕЛ ОД ПЕКОЛОТ / MACEDONIAN PART OF HELL

Македонија / 1971 / 104’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Vatroslav Mimica Кинематографер/Cinematography: Kiro Bilbilovski Сценарио/Screenwriter: Slavko Janevski, Pande Tašovski & Vatroslav Mimica УЛОГИ Darko Dameski, Pavle Vuisić, Fabijan Šovagović, Milena Dravić & […]

Find out more »
Magaza gallery, Magnolia Square
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map

ЈАЗОЛ / KNOT

Македонија / 1985 / 117’ РЕАЛИЗАЦИЈА Режија/Director: Kiril Cenevski Кинематографер/Cinematography: Dragan Salkovski Сценарио/Screenwriter: Slavko Janevski УЛОГИ Lazar Ristovski, Aco Jovanovski, Kiril Ristovski, Kostadinka Velkovska & Petar Arsovski СОДРЖИНА Дејството на […]

Find out more »
Magaza gallery, Magnolia Square
Bitola, 7000 Macedonia
Google Map