Loading Events
This event has passed.

Северна Македонија, Холандија / 2019 / Документарен / 21

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Vanja Dimitrova & Natasha Dimitrievska

STORY

Филмот е снимен во затворот за жени „Идризово“, Скопје и во Психијатриската болница „Негорци“ во Македонија. Во Македонија е речиси невозможно да се снима во овие институции, забранет е влез за луѓе однадвор и е екстремно тешко да се убедат „затворениците“ и „болните“ да ги покажат своите лица на камера, да бидат јавно експонирани и да ги кажат своите стории.
Ние сакавме да ја фатиме атмосферата во овие институции, начинот на кој се живее, некои мали фрагменти од нивните стории, нивното страдање, соништа и надежи. Луѓето кои се „затворени“ тука, ги кријат причините за нивното затворање за да не бидат отфрлени од социјалното опкружување кога ќе се вратат на слобода. Ни беше дозволено да снимаме само неколку часа на двете локации, само ние две женски режисерки со една мала камера. Ние го нарекуваме ова RAW филмување, кое го става во прашање значењето на слободата.