Loading Events
This event has passed.

Велика Британија, САД / 2019 / 95

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Waad Al-Kateab & Edward Watts
Кинематографер/Cinematographer: Waad Al-Kateab

СОДРЖИНА

ЗА САМА е истовремени и интимно и епско патување во женското доживување на војната. Љубовно писмо од млада мајка до нејзината ќерка, филмот ја раскажува приказната за животот на Ваад ал-Катеаб, низ петте години од востанието во Алепо, Сирија, кога таа се вљубува, стапува во брак и ја раѓа Сама, додека околу неа татни конфликт со димензии на катаклизма. Нејзината камера ни ги доловува неверојатните приказни на загуба, смеа и преживување додека Ваад се бори со невозможен избор – дали да бега од градот за да го заштити животот на ќерка си или не, во услови кога заминувањето би значело напуштање на борбата за слобода за која веќе жртвувала толку многу.