Loading Events

Северна Македонија / Документарен / 2019 / 51

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Vladimir Blazevski
Сценарио/Scr: Vladimir Blazevski
Кинематографер/Cinematographer: Dimo Popov

УЛОГИ

(voice) Blagoj Veselinov

СОДРЖИНА

„Театарот Скупи“ е научно-образовен филм кој го документира комплетниот процес на обнова на римскиот театар, објект од национално, но пред сѐ цивилизациско значење. Паралелно, се проследува и историјата на градот Скупи. Филмот не ги открива само тајните на амфитеатарот – тој нѐ воведува во археологијата како наука, а и во конзерваторството како занает. „Театарот Скупи“, поради колажното ткаење на сегментите, подразбира динамичност и допадливост во раскажувањето. Филмот ја следи работата на тимот од археолози и ги документира сите фази на проектот. Низ процесот, гледачот дознава за раните почетоци на настанувањето на градот, во новоосвоената Дарданија во времето на Тибериј, уште кога Скопје бил легионерска населба со име Colonia Flavia Scupiorum. Додека траат истражувања на римскиот театар, филмот прави осврт на делумно или целосно истражените делови на Скупи. Нарацијата на филмот e истакнато фактографска и научна, испреплетена со интервјуа на еминентни археолози, архитекти, историчари кои придонесуваат за зголемената автентичност и документарноста на тоа што се гледа.