Loading Events
This event has passed.

Латвија, Германија, Чешка, Естонија / 2019 / 85′

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Gints Grube & Jaak Kilmi
Кинематографер/Cinematographer: Aigars Sērmukšs
Сценарио/Screenwriter: Gints Grube & Jaak Kilmi

СОДРЖИНА

Како млада советска студентка во 1978 година, Лева не би можела да предвиди дека една посета на нејзиниот татко за време на распустот, кој во тоа време работел во Главните канцеларии на Обединетите нации во Њујорк, неповратно ќе го расцепи нејзиниот живот на два дела. Кревајќи ја завесата фрлена преку сомнителните заткулисни сцени од Студената војна, овој филм ја раскажува драматичната приказна на една ќерка за нејзиниот татко – двоен агент, истражувајќи ја нивната врска наспроти контекстот на настаните кои ги влечат своите корени од пред повеќе од четири децении. Со цел да се најде себеси и да ја разбере играта од која и самата била дел, Лева тргнува на патување во минатото, соочувајќи се со семејните тајни, лаги и предавства.