Loading Events
This event has passed.

Романија, Франција, Германија / 2019 / 97’

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија&Сценарио/Director&Scr.: Corneliu PORUMBOIU
Кинематографер/Cinematographer: Tudor MIRCEA
Монтажа/Editor: Roxana SZEL
Продуценти/Producers: Patricia POIENARU & Marcela URSU
Продукција/Production: 42 KM FILM, Bucharest-Romania; LES FILMS DU WORSO-France; KOMPLIZEN FILM-Germany
Color/DCP
Јазици/Languages:романски/Romanian, шпански/Spanish, англиски/English

УЛОГИ

Vlad IVANOV (Cristi)
Catrinel MARLON (Gilda)
Rodica LAZAR (Magda)
Antonio BUIL (Kiko)
Agusti VILLARONGA (Paco)
Sabin TAMBREA (Zsolt)

СОДРЖИНА

Кристи, романски полицаец кој е свиркач за мафијата, оди на островот Ла Гомера на Канарските Острови, за да го научи стариот свиркачки јазик. Во Романија е под полициски надзор, а со користење на тајниот јазик ќе продолжи да комуницира со мафијашите за да го извади Жолт од затворот. Жолт е единствениот кој знае каде се скриени 30 милиони евра…

ТУДОР МИРЧЕА / РДК, кинематографер:

Роден е на 23 ноември 1976 година во Букурешт. Еден од водечките романски кинематографери од средната генерација. Дипломирал на германската висока школа „Херман Оберт“ и на И.Л. Карагиале НУТФ/Национален универзитет за театар и филм во Букурешт. Работи и како кинематографер и снимател за телевизиски серии и телевизиски филмови. Како кинематографер на долгометражни филмови почнал да работи во 2004 година во филмот ВИКЕНД-МИЛИОНЕРИ, на режисерот Каталин Саизеску. Неговиот следен филм бил ДУПА ЕА (2007 година, режиран од Кристина Ионеску). Два филма: МОРГЕН (2010) и РОКЕР (2012) ги снимил со режисерката Анка Пуиу. СВИРКАЧИТЕ е трета негова соработка со сценаристот и режисер Корнелиу Порумбоиу. Претходно соработувале на филмовите: КОГА ВЕЧЕРТА ПАЃА ВРЗ БУКУРЕШТ ИЛИ МЕТАБОЛИЗАМ (2013) и БОГАТСТВОТО (2015).