Loading Events
This event has passed.

Унгарија/2018/120’

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Árpád Bogdán
Кинематографер/Cinematographer: Tamás Dobos
Сценарио/Screenwriter: Árpád Bogdán

УЛОГИ

Annamária Cseh, Milán Csordás & Enikő Anna Illési

СОДРЖИНА

Трите приказни во ПОТЕКЛО се вкоренети во библиските поими за семејството. Семејството на едно ромско момче е убиено и совршениот свет на детството му е уништен,мајкатинејџерка прави екстремни обиди да се осигура дека нејзиното дете ќе ја избегне судбината што таа била принудена да ја трпи, успешна правничка ја ризикува својата кариера за да ја открие повторно вербата што ја загубила заедно со своето дете. Сите три приказни се засновани на вистински настани штосе случиле во Унгарија: убиства на Роми извршени од една неонацистичка група која тероризирала ромски семејства во текот на една година. Овие настани зеле многу жртви, меѓу кои и смрт на шест лица. Протагонистите во овие приказни се на различен начин поврзани со овие настани, со што нивните животи се темелно сменети.