Loading Events
This event has passed.

Италија/ 2019 / 105’

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Claudio GIOVANNESI
Сценарио/Scr.: Maurizio BRAUCCI & Claudio GIOVANNESI
Кинематографер/Cinematographer: Daniele CIPRI
Монтажер/Editor: Giuseppe TREPICCIONE
Музика/Music: Andrea MOSCIANESE
Продуценти/Producers: Carlo Degli ESPOSTI & Nicola SERRA
Продукција/Production: PALOMAR, Rome-Italy
Color/DCP
Јазик/Language:италијански/Italian

УЛОГИ

Francesco Di NAPOLI (Nicola)
Viviana APREA (Letizia)
Mattia Piano DEL BALDO (Briato)
Ciro VECCHIONE (O’Russ)
CiroPellecchia (Lollipop)

СОДРЖИНА

Десет момчиња се тркаат со своите мотоцикли низ тесните улици на нивната населба Санита во Неапол. Тие се бестрашни вжештени глави, очајни да заработат пари како нивните идоли и да носат дизајнерски облеки и најнови патики. Овие 15-годишни момчиња ги користат градските покриви за да вежбаат пукање со пушкомитралези…

ДАНИЕЛЕ ЦИПРИ, кинематографер:

Роден е на 17 август 1962 година во Палермо, Сицилија, Италија. Тој е сценарист и режисер, и е помеѓу најактивните италијански кинематографери, со многу филмски номинации и награди во Италија. Досега има потпишано 75 филмови, а годинава има рекорден број од 9 снимени или завршени наслови. Како режисер и кинематографер снимил 27 филмови, а во досегашната кариера од 1990 година досега снимил кратки филмови, документарци, ТВ-серии, и најзначајно од сѐ, долгометражни играни филмови. Како режисер-кинематографер, помеѓу другите, ги направил наградуваните филмови: ENZO, DOMANI A PALERMO!  (1999 година, ко-режиран со Франко Мареско), IL RITORNO DEL CAGLIOSTRO (2003 година, ко-режиран со Франко Мареско), КАКО ГО ДОБИВМЕ ИТАЛИЈАНСКИОТ ФИЛМ… (2004 година, ко-режиран со Франко Мареско), ТОА БЕШЕ СИНОТ (2012), LA BUCA (2014). Често работел со режисерот Марко Белокио, во филмовите: VINCERE (2009), КРВТА НА МОЈАТА КРВ (2015) и СЛАТКИ СНИШТА (2016). Неговиот наградуван филм од 2013 година беше САЛВО, на тандемот сценаристи-режисери Ф. Грасадониа и А. Пијаца. Со режисерот Клаудио Џованези, пред нивниот последен филм ПИРАНИ, соработуваа на наградуваниот филм ФИОРЕ (2016). Неговиот најпоследен, исто така награден, филм е РОМУЛ И РЕМ: ПРВ ФИЛМ (2019).