Loading Events
This event has passed.

Бразил, Германија/ 2019 / 139’

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Karim AINOUZ
Сценарио/Scr.: Murilo HAUSER, Ines BORTAGARAY & Karim AINOUZ (based on the Novel by Martha Batalha)
Кинематографер/Cinematographer: Helene LOUVART
Монтажа/Editor: Heike PARPLIES
Музика/Music: Benedikt SCHIEFER
Продуценти/Producers: Rodrigo TEIXEIRA & Michael WEBER
Продукција/Production: POLA PANDORA, Berlin-Germany; RT FEATURES-Brazil; SONY PICTURES-Brazil; CANAL BRAZIL-Brazil
Color/DCP
Јазик/Language: Portuguese

УЛОГИ

Carol DUARTE (Euridice Gusmao)

Julia STOCKLER (Guida Gusmao)

Fernanda MONTENEGRO (Euridice/old-present)

Barbara SANTOS (Filomena)

Gregorio DUVIVIER (Antenor)

Antonio FONSECA (Manuel)

СОДРЖИНА

Рио де Женеиро, 1950 година. Евридика, 18, и Гвида, 20, се две неразделни сестри. Живеат дома и секоја има свој сон: едната да стане позната пијанистка, а другата да најде винстинска љубов. Поради својот татко,принудени се да живеат една без друга. Разделени, ќе преземат контрола врз својата судбина, никогаш не откажувајќи се од надежта за повторно обединување. Тропска мелодрама….

ЕЛЕН ЛУВАР, кинематограферка:

Родена е во 1964 година во Понталије, Франција. Дипломирала во 1985 година на Екол национал супериор „Луј Лимие“. Една од водечките во женското крило на француски кинематограферки. Во нејзината богата кариера до сега има потпишано повеќе од 130 филма. Нејзиниот почеток како кинематограферка бил во 1986 година со филмот ВКРСТЕНИ СРЦА, во режија на Стефани де Мареи. Меѓународна репутација добила со филмот ЌЕ ПАДНЕ ЛИ СНЕГ ЗА БОЖИЌ (1995 година, режиран од Сандрин Вејсе). Со оваа режисерка соработувала често и резултат се филмовите: VICTOR…PENDANT QU’IL EST TROP TARD (1998), MARTHA…MARTHA (2000), СИ БЕШЕ ЕДНАШ УТРЕ (2006), L’HISTOIRE D’UNE MERE (2014). Други познати режисери со кои работела се: Вим Вендерс во неговото документарно ремек-дело ПИНА (2009), Марк Фитуси во филмот КОПАКАБАНА (2009), Кристоф Онор во МОЈАТА МАЈКА (2003), Кристијан Винсент во ЧЕТИРИ ЅВЕЗДИ (2005), Жак Дијон во КОЈ БИЛО (2007), со Алис Рорвахер во три филма: CORPO CELESTE (2010), ЧУДА (2013) и во најновиот LAZZARO FELICE (2017).