Loading Events
This event has passed.

ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ „МЕКАЛ“

„Мекал“, Фестивалот на краток и анимиран филм во Барселона, прави внимателна селекција на филмови во својата програма кои ги претставуваат квалитетот, креативноста и иновацијата на шпанската краткоментражна продукција.

Во 2020 година „Мекал“ го прославува својот 22. роденден. Фестивалот стана референтна точка и во Шпанија и во странство поради својот широк меѓународен опсег и висококвалитетната селекција.

Се одржува секоја пролет во времетраење од три недели, прикажувајќи околу 400 кратки филмови од над 40 земји во четири програми и повеќе од 20 паралелни селекции.

Тој е редовно посетен секоја година од страна не само на професионалците од филмската индустрија и трагачите по талент, но исто така и од општата јавност по пат на разновидни проекции, настани и забави.

Мекал е исто така и мрежа за меѓународна дистрибуција на краткометражни филмови која организира проекции на шпански краткометражни филмови насекаде низ светот во соработка со други филмски фестивали и културни институции.

Село / Village

by Elena López Riera

Spain, Switzerland / 2015 / 27’

Сцена / Stage

by Alberto Vázquez

Spain / 2016 / 11’

Наполен и јас / Napoleon and me

by Ander Duque

Spain / 2016 / 18’

Стрелецот / The Archer

by Ignacio Garriga & Sandra García Bueno

Spain / 2016 / 8’

Радоста на снимањето филмови / The Joy of Filmmaking

by Óscar Girón

Spain / 2015 / 3’