Loading Events
This event has passed.

LESS IS MORE: РАБОТИЛНИЦА ЗА ПИШУВАЊЕ СЦЕНАРИО

Работилницата за пишување сценарио е организирана како дел од активностите во рамки на едногодишното партнерство воспоставено помеѓу Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и програмата Less is More за 2019 година. Навистина ни е драго што ќе бидеме домаќини на експертите од програмата LIM и се надеваме дека оваа програма ќе им биде од корист на нашите млади, филмски автори и дека ќе ги стимулира да создаваат нови, квалитетни идеи кои имаат потенцијал да се развијат во филмски проекти. Како мала земја што располага со лимитиран буџет за филм, ваквото знаење е од исклучител -на важност – како да се создаде еден проект од
самиот почеток, како да се размислува креативно без притоа да се потрошат високи износи на средства – според мене, штом се стекнете со ова знаење секогаш ќе бидете еден чекор понапред во вашите вештини за создавање филм. Во програмата Less is More досега биле вклучени следните македонски проекти: „Сестра“ во режија на Дина Дума (развиван на првата работилница Less is More во 2017 година) и новиот проект „Трампа“ (развиван на овогодишното издание наLess is More) во режија на Ѓорче Ставревски – режисер на успешниот филм „Исцелител“. Воедно, оваа година во делот Development Angels е вклучена и нашата продуцентка Елена Станишева.

Анита Стојческа,
координатор на проект

УЧЕСНИЦИ / PARTICIPANTS:

ПЈЕР ХОЏСОН

Пјер Хоџсон е роден во Лондон во 1959 година. По студиите на Оксфорд, доаѓа во Париз, каде што работи како координатор на првиот филм на Olivier Assayas, и како прв асистент на режија на Raul Ruiz на филмот Treasure Island, сниман во Португалија. Следните години работи како телевизиски продуцент во Лондон и сценарист за
Joao Canijo во Лисабон.

НОЛВЕН ГИЗУ

Роденa е во 1977 година во Бретања. Магистрира современа француска и англиска литература (при Универзитетот на Западна Бретања, Брест и Универзитетот во Велс, Свонси). Има студира но и сценографија при Уметничката школа Лар кин (во Даблин) во 2014 година.