Loading Events
This event has passed.

Германија / 2019 / 96’

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Jan-Ole GERSTER
Сценарио/Scr.: Blaz KUTIN
Кинематографер/Cinematographer: Frank GRIEBE
Монтажер/Editor: Isabel MEIER
Музика/Music: Arash SAFAIAN
Продуценти/Producers: Marcos KANTIS, Martin LEHWALD & Michal POKORNY
Продукција/Production: SHIAWAGO FILM GmbH-Germany; STUDIO CANAL
Color/DCP
Јазик/Language: германски/German

УЛОГИ

Corrina HARFOUCH (Lara)
Tom SCHILLING (Victor)
Volkmar KLEINERT (Prof. Reinhoffer)
Andre JUNG (Mr. Czerny)
Rainer BOCK (Paul)

СОДРЖИНА

Лара го слави 60. роденден и во оваа посебна вечер нејзиниот син ќе одржи дебитантски пијано-концерт. Лара ја зацртала неговата музичка кариера, но не е добредојдена на дебитантскиот настап. Дури и покрај обидите на Лара, сè излегува од контрола…

ФРЕНК ГРИБЕ / ГДК, кинемтографер:

Роден е на 28 август 1964 година во Хамбург, Западна Германија. Тој е еден од водечките кинематографери од средната генерација со 46 потпишани филмови зад себе. Најпознат е по тандемската соработка со режисерот Том Тиквер. На почетокот на кариерата нивниот талент беше откриен на 16-тиот Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, со нивниот прв филм СМРТОНОСНАТА МАРИЈА во 1995 година, кој им ја донесе наградата „Едер“ од студентското жири. Следното учество на Грибе во конкуренцијата „Камера 300“ беше во 1996 година, на 17-тото издание на „Браќа Манаки“, со неговиот втор филм ПОЛЖАВОТ ШТО ГОРИ на режисерот Томас Штилер. Неговото трето учество во Програмата „Камера 300“ беше во 1998 година на 19-тото издание на „Браќа Манаки“, со филмот ВОЗОВИ-И-РОЗИ/ПТИЦИ ВО ВОЗОВИ на Питер Лихтерфелд. Следната, четврта Компетиција беше и успешна со филмот ТРЧАЈ ЛОЛА, ТРЧАЈ на Том Тиквер, за кој ја доби Специјалната награда на жирито на 21-вото издание на „Браќа Манаки“ во 2000 г. Тандемот Грибе–Тиквер продолжи со успешна меѓународна кариера и со други филмови: ЗИМСКИ СПИЈАЧИ (1997), ПРИНЦЕЗАТА И ВОИНОТ (2000), РАЈ (2002), ПАРФЕМ (2006), ИНТЕРНАЦИОНАЛ (2009), „3“ (2010), АТЛАС НА ОБЛАЦИТЕ (2012).