Loading Events
This event has passed.

Финска/2018/102’

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Selma Vilhunen
Кинематографер/Cinematographer: Lisabi Fridell
Сценарио/Screenwriter: Kirsikka Saari

УЛОГИ

Pihla Viitala, Ville Haapasalo, Mika Melender

СОДРЖИНА

Напната, топла и сурова драма за тинејџери од предградието кои неочекувано треба да се справат со проблемите на возрасните, како што е бременоста, додека екстремно десничарските идеи почнуваат да го загрозуваат нивното мултикултурно соседство. ГЛУПАВО МЛАДО СРЦЕ е филм за првата љубов помеѓу слабичкиот и безгрижен Лени и раскошната и популарна Кира. Иако не се во сериозна врска, ниту го завршиле средното училиште, дознаваат дека очекуваат бебе. Лени има девет месеци за да стане маж. Растен без татковска грижа, Лени ги наоѓа бараното внимание и водствоод возрасен човек во неочекуваниот пријател Јане, член на десничарска група која од неодамна се вселила во мешаното соседство на Лени. Откако ќе се вмеша во напад на локалната џамија, додека истовремено Кира ита кон болницата за да се породи, Лени сфаќа дека мора да научи да биде маж на свој начин, и покрај тоа што не му била дадена шанса и самиот да биде дете.