Loading Events
This event has passed.

Македонија / 1905 – 1935 / 50’

Милтон и Јанаки Манаки / Milton and Janaki Manaki

СОДРЖИНА

И покрај грандиозниот фотографскиот опус на браќата Манаки – при што фотографијата е нивна примарна дејност, со која си ја обезбедувале живејачката – она со што тие трајно се запаметени во македонската, балканската и светската кинематографија е нивното кинематографско дело снимено со „Камера 300“, со што станале основоположници на филмската уметност во Македонија и на Балканот.

При евидентирањето и обработката на филмовите и при нивната класификација според содржината, со користење на списокот направен од Милтон Манаки и низа архивски документи и фотографии од фондот „Браќа Манаки“ во Архивот во Битола, како и низа други филмови и пишувани материјали од тој период, се дојде до бројката од 42 наслова, која, се чини, сè уште не е дефинитивна. Во Кинотеката на Македонија се чуваат сите нивни филмски материјали. По долгите истражувања на целокупниот сочуван филмски материјал, тој е структуриран во 42 наслова.