Loading Events
This event has passed.

ФЕСТИВАЛ „КРАТКИ БРАНОВИ“

Фестивалот „Кратки бранови“ е меѓународен филмски фестивал на кратки филмови што се одржува секоја година во март во Познан, Полска. Следното, 12. издание ќе се одржи од 17 до 22 март 2020. Програмата се состои од проекции во конкуренција кои се поделени во три категории: Меѓународна компетиција, Полска компетиција и Танци со камера – уникатна програма на филмови за танцот – како и програми што не се во конкуренција, образовни и активности од филмската индустрија, разговори на филмски професионалци итн. Секоја година фестивалот има земја во фокус и повеќе тематски програми што прикажуваат таленти во подем во филмот од различни региони. Исто така, фестивалот „Кратки бранови“ поставува нови трендови во областа на филмските настани, создавајќи филмски инсталации на неочекувани локации и организирајќи возбудливи специјални настани како „Домашно кино по случаен избор“ во приватни станови. Фестивалските настани се одвиваат на различни локации во Познан: арт-хаус киносали, клубови и културни центри.

Организаторите на фестивалот, Шимон Стемплевски и Кжиштов Лукомски, ќе презентираат едночасовна програма, специјално подготвена за фестивалот „Браќа Манаки“. Филмаџиите, откривајќи ни го светот зад сцената на своите филмски работилници, ќе нè однесат на патување до неколку далечни и егзотични места. Ќе доживееме интригантен судир на приватните митологии со не секогаш пријателски настроените локални услови. Проекцијата ќе биде вовед во разговор за тоа како да се создадат независни настани и да се иницираат размени помеѓу често многу различните култури.

Гринго од зеленото платно / Green Screen Gringo

by Douwe Dijkstra,

The Netherlands, Brazil / 2016 / 15’

Желките се секогаш дома / Turtles Are Always Home

by Rawane Nassif,

Canada, Lebanon, Quatar / 2017 / 12’

Убивајќи го Клаус Кински / Killing Klaus Kinski

by Spiros Stathoulopoulos

Colombia, Greece / 2016 / 21’

Шупливата паричка / The Hollow Coin

by Frank Heath

USA / 2016 / 12’