Loading Events
This event has passed.

ЕУРИМАЖ – ЕВРОПСКИ ФОНД ЗА ПОДДРШКА НА ФИЛМОТ

 

Еуримаж е фондот за културна поддршка на Советот на Европа.

Воспоставен во 1989 година, во моментов брои 38 од 47-те земји членки на оваа организација со седиште во Стразбур, заедно со Канада, како членка соработничка.

Еуримаж го промовира независниот филм обезбедувајќи финансиска поддршка за долгометражни, анимирани и документарни филмови.

На тој начин ја поттикнува соработката воспоставена помеѓу професионалците во различни земји. Еуримаж има вкупен годишен буџет од 26 милиони евра. Овој финансиски пакет во суштина произлегува од придонесите на земјите членки, како и од повратот на дадените заеми.

Серхио Гарсиа де Леаниз – продуцент

Проектен раководител во Еуримаж, Совет на Европа