Loading Events
This event has passed.

Норвешка/2018/91

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Magnus Meyer Arnesen
Сценарио/Screenwriter: Magnus Meyer Arnesen & Kristian Landmark
Кинематографер/Cinematographer: Ivar Taim

УЛОГИ

Preben Hodneland, Marius Aandal Pedersen, Alexandra Gjerpen & Vidar Sandem

СОДРЖИНА

ДОДЕКА ПАЃАМ ја следи невообичаената врска помеѓу таткото и синот кои се приврзуваат под заканата на зависноста и раздвојувањето. Јоаким има 29 години. Тој е привлечен, но неговата шармантна насмевка ја крие секојдневната внатрешна борба со хероинската зависност. Секој ден пуши, а наредниот ден се обидува да прекине. Ја мрази дрогата и контролата што таа ја има врз него, но таа му ја отстранува болката. Неговата осаменост. По неколку години заробеност во циклусот на злоупотреба, Јоаким е на раб на нервен слом. Тогаш добива неочекуван повик од поранешната девојкаМарија, која е во затвор и е загрижена за нивниот осумгодишен синЛукас. Јоаким го нема видено Лукас откако е роден.