

ДАЛЕЧНОТО ЛАЕЊЕ НА КУЧИЊА / THE DISTANT BARKING OF DOGS
18 септември 2019 @ 18:00
Данска, Шведска, Финска / 2017 / 91’
РЕАЛИЗАЦИЈА
Режија/Director: Simon Lereng Wilmont
Кинематографер/Cinematographer: Simon Lereng Wilmont
Сценарио/Screenwriter: Simon Lereng Wilmont
УЛОГИ
Oleg Afanasyev, Alexandra Ryabichkina & Jarik
СОДРЖИНА
ДАЛЕЧНОТО ЛАЕЊЕ НА КУЧИЊА се случува во Источна Украина, на фронтот на војната. Филмот го следи животот на десетгодишното момче Олег во текот на една година, сведочејќи ја постепената ерозија на неговата невиност под притисоците на војната. Олег живее со својата сакана баба Александра, во малото селце Хнутове. Немајќи каде да одат, Олег и Александра остануваат и гледаат како другите го напуштаат селото. Со секој ден што одминува животот станува сè потежок, а на војната не ѝ се гледа крајот. Во ова сега веќе полунапуштено село Олег и Александра си се единствените вистински константи во меѓусебните животи, и филмот покажува колку кревки, но круцијални се блиските врски за да се преживее. Низ перспективата на Олег, филмот преиспитува што значи да се расте во воена зона. Покажува како универзалната детска борба да се открие што е светото се одвива испреплетена со сите опасности и предизвици што ги носи војната. На тој начин, ДАЛЕЧНОТО ЛАЕЊЕ НА КУЧИЊА ги открива последиците на војната и како тие влијаат на децата од Источна Украина, и следствено на тоа и лузните и самонаучените лекции што овие генерации ќе ги понесат во иднина.