Loading Events
This event has passed.

Франција / 2019 / 103’

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Ladj LY
Сценарио/Scr.: Ladj LY, Alexis MANENTI & Giordano GEDERLINI
Кинематографер/Cinematographer: Julien POUPARD
Монтажа/Editor: Flora VOLPELIERE
Музика/Music: PINK NOISE
Продуценти/Producers: Toufik AYADI & Cristophe BARRAL
Продукција/Production: SRAB FILMS, Paris-France & RECTANGLE PRODUCTIONS-France
Color/DCP
Јазик/Language:француски/French

УЛОГИ

Damien BONNARD (Stephane)
Alexis MANENTI (Chris)
Djebril ZONGA (Gwada)
Steve TIENTCHEU (Le Maire)
Jeanne BALIBAR (La Commisaire)

СОДРЖИНА

Стефан се вклучува во Бригадата за борба против криминалот во Монфермеј, чувствителна област во париското предградие. Таму се запознава со новите колеги, Крис и Гвада, чии методи понекогаш се „посебни“. Набргу ги открива тензиите помеѓу разните групи од соседството. Кога едно апсење излегува од контрола, дрон го снима секој нивен чекор…

ЖИЛИЕН ПУПАР / ФДК, кинематографер:

Роден е на 2 септември 1981 година. Припаѓа на средната генерација на француски кинематографери, со 51 потпишан филм до сега, од кои најголемиот дел се кратки. Покрај БЕДНИЦИ, последно успешно дело му е ТАКВА Е ЉУБОВТА (2018) на режисерката и сценаристка Клер Бургер, која доби награда за најдобар филм на „Неделата на авторите“ во Венеција, и од страна на жирито на критичари „Федеора“. Од 2018 г. исто така е и филмот ПРОБЛЕМОТ СО ТЕБЕ, режиран од Пјере Салвадори. Негов претходен филм е и ВКУС НА МАСТИЛО (2016), на режисерот Морган Симон.