Loading Events
This event has passed.

Германија, Полска / 2018 / 100’

РЕАЛИЗАЦИЈА

Режија/Director: Sergey DVORTSEVOY
Сценарио/Scr.: Sergey DVORTSEVOY & Gennady OSTROVSKIY
Кинематографер/Cinematographer: Jolanta DYLEWSKA
Монтажери/Editors: Sergey DVORTSEVOY & Petar MARKOVICH
Продуценти/Producers: Sergey DVORTSEVOY, Martin HAMPEL, Anna WYDRA & Thanassis KARATHANOS
Продукција/Production: PALLAS FILM GMBH-Hale/Germany; Polski  Institut  Sztuki Filmowej; ARTE; EUROIMAGES
Јазици/Languages: киргизки/Kirghiz, руски/Russian

УЛОГИ

Samal YESLYAMOVA (Ayka)
Zhipara ABDILAEVA (Chinara)
Sergey MAZUR (veterinarian)

СОДРЖИНА

Ајка само што се породила. Не може да си дозволи да одгледува дете. Нема работа… има долгови за плаќање, а нема ни сопствена соба. Но нема начин да се потиснат нејзините природни инстинкти…

ЈОЛАНТА ДИЛЕВСКА, кинематограферка:

Родена е на 9 март 1958 година во Вроцлав, Полска. Кинематограферка и режисерка на документарци. Дипломирала камера и режија на Националната филмска школа во Лоѓ, Полска, каде што е професорка. Исто така е професорка во посета на Филмската академија во Баден-Виртенберг во Лудсвигбург,  Германија. Членка е на ЕФА. За своите филмови е наградувана на многу фестивали. На почетокот на својата кариера ги режирала и снимила своите два документарци: ХРОНИКА НА ВОСТАНИЕТО ВО ВАРШАВСКОТО ГЕТО СПОРЕД МАРЕК ЕДЕЛМАН и ДЕЦА НА НОЌТА (1999). Првпат влегла во конкуренцијата на Фестивалот „Браќа Манаки“ во 2006 година, со филмот МОМЧЕТО НА ГАЛОПИРАЧКИОТ КОЊ (реж. А. Грузински), потоа вторпат во 2008 година со филмот ТУЛПАН на режисерот Сергеј Дворцевој, со кој ја освојува „Сребрената камера 300“, а со третиот филм, ВО ТЕМНИНА, режиран од Агњешка Холанд, во 2011 г. ја освојува и „Златната камера 300“ на 36. „Браќа Манаки“. Пред две години, на 38. издание, повторно учествуваше во конкуренцијата „Камера 300“ со филмот ПО ТРАГИ НА ДИВЕЧ, повторно во режија на Агњешка Холанд. На 40., јубилејно издание на „Браќа Манаки“, по петтипат ќе учествува во конкуренцијата „Камера 300“, со филмот АЈКА.