ДЕЈЛИ новости (2017)2018-07-01T14:52:48+00:00

ДЕЈЛИ НОВОСТИ 2017


Горди сме на традицијата на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“

30th септември 2017|

На затворањето на 38. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, министерот за култура Роберт Алаѓозовски изрази благодарност до сите учесници на фестивалот, до филмските работници кои пред речиси 40 години создадоа бренд кој уште зрачи со единственост помеѓу безбројните филмски фестивали ширум светот. -Освен филмските работници, признание заслужуваат и вистинските домаќини на фестивалот, битолската публика. Оваа публика е нашиот центар,

Кинематографери со силна визуелна енергија и исклучителна креативност ги добија наградите на „Браќа Манаки“

30th септември 2017|

Во официјалната компетиција за наградите Златна, Сребрена и Бронзена „Камера 300“ оваа година се натпреваруваа 13 кинематографери. Жирито во состав Пол Рене Ростад, претседател, и членовите Лука Коасин, Јани Петери Паси, Даријан Пејовски и Ерол Зубчевиќ, кој не беше во можност лично да присуствува на затворањето, им ги врачија наградите на кинематограферите, велејќи дека не било воопшто лесна работа

Министерот Роберт Алаѓозовски му ја врачи наградата на режисерот Милчо Манчевски

30th септември 2017|

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски му ја врачи Специјалната „Златна Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на режисерот Милчо Манчевски, истакнувајќи дека му ја предава оваа награда од се’ срце, бидејќи неговите филмски истражувања и критики кои ги пишувал порано, во голем дел биле посветени токму на творештвото на овој режисер. Милчо Манчевски се заблагодари за

Прикажувањето на грдотијата на животот на овој свет е главниот тематски интерес во филмот „Кога денот немаше име“

30th септември 2017|

Филмот „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Стругар Митевска и Ањес Годар зад камерата, ги обработува, како што рече продуцентката Лабина Митевска, проблемите на младата генерација во Македонија и меѓуетничките тензии. Главните улоги во актерскиот тим ги играа непрофесионални глумци, одбрани на кастинг, па за нив ова беше прво филмско искуство кое долго ќе го паметат. На

Рускиот кинематографер Алексеј Родионов одлично се вклопил во работата со британска филмска екипа

30th септември 2017|

Филмот „Забавата“ во режија на Сали Потер е британска комедија снимена од страна на рускиот кинематографер Алексеј Родионов. Филмот е црно бел, но постои и снимка во боја, а Родионов вели дека не може да се одлучи која верзија е дефинитивно подобра – некои сцени изгледале подобро во црно-бело, а некои пак во боја. Актерите се снимани од блиску,

По повод 65 години од првиот македонски филм „Фросина“ – Доделени и преостаните шест дијаманти од Божиновски, за дијамантите на кинематографијата

30th септември 2017|

На јубилејниот коктел по повод 65 години од првиот македонски филм „Фросина“, „Божиновски часовници и накит“ ги додели и преостанатите шест дијаманти, како дел од проектот „Седум дијаманти од Божиновски, за седум дијаманти на кинематографијата“, кој се реализираше во Хотел Бистро „Бела Куќа“, Битола, во партнерство со фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“. Шесте дијаманти беа доделени на: овогодишниот

Грациела Билдесхајм, независна филмска продуцентка и консултантка: Младите продуценти од Македонија и регинот имааат голем потенцијал

30th септември 2017|

Грациела Билдесхајм е продуцентка која повеќе од 25 години е вклучена во креативниот развој и финансиското обликување на играни и документарни филмови. Основач е на неколку иницијативи за обука: Maia (2005 година), Hermes (2009 година, заедно со Советот на Европа и Еуроимаж), Режисери преку граници (со Програмата за култура на ЕУ)... Билдесхајм е предавач, консултатнт и експерт во меѓународни

Мастерклас на филмскиот режисер Милчо Манчевски

30th септември 2017|

Најславниот македонски филмски режисер Милчо Манчевски, добитник на Специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на 38. ИФФК „Браќа Манаки“, одржа мастерклас пред присутните гости, студенти и публиката во Битола. Модератор на мастеркласот беше новинарката, филмски критичар и одличен познавач на неговото творештво, Марина Костова. Тематскиот фокус на мастеркласот беше ставен на работата на

Катерина Живановиќ, филмска режисерка: За почетник е најтешко да најде добра екипа со која ќе направи филм

30th септември 2017|

Една од учесничките на студентската програма на годинашното издание на „Браќа Манаки“ е Катерина Живановиќ, дипломец на филмската академија „Синергија“ од Белград, Србија. Таа се претстави со два кратки филма, експерименталниот „Unus dies“ („Еден ден“) и играниот „Одмазда“.   Со какви импресии заминувате од фестивалот и Битола? „Браќа Манаки“ е прекрасен „мал“ фестивал, а Битола е убав град, луѓето