Акредитации2018-08-02T06:22:22+00:00

АКРЕДИТАЦИИ


 

Почитувани колеги,

Ве покануваме да се акредитирате за претстојното 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 22 до 29 септември, 2018, во Битола.

Потребно е да наведете име и презиме, редакција/медиум, име на фотограф/снимател во вашата екипа. Пријавите испратете ги на адреса: pressmanakifestival@gmail.com

Воедно Ве информираме дека адресата на Фестивалот е www.manaki.com.mk

Крајниот рок за пријавување е 23 август (сабота), 2018 г.

Фестивалот, традиционално овозможува неколку ноќевања за новинарите во Битола. Ве молиме да наведете во кои денови сте заинтересирани да престојувате во Битола, а доколку сте заинтересирани да го проследите целиот фестивал, ве молиме наведете го тоа.

Исто така, Ве молиме да се пријавите и да не’ контактирате пред крајниот рок за да можеме да ги земеме предвид Вашите барања. Пријавите по рокот ќе создадат тешкотии да ви ги обезбедиме сите потребни услови.

Благодариме на соработката

Срдечен поздрав,
Александра Бубевска,
координатор за односи со медиумите