Откако ја доби веста дека е годинашен добитник на највисокото признание на ИФФК „Браќа Манаки“, Златна камера 300 за животен опус, големиот полски, американски и светски кинематографер ја испрати оваа порака:

„Јас сум многу изненаден и почестен што Вие ме избравте за добитник на наградата на фестивалот „Браќа Манаки“. Секако дека сум запознаен со придонесот на браќата Манаки во унапредувањето на полето на филмската уметност и сето тоа ја прави оваа награда уште позначајна за мене.

Како што ви е познато, заради рестрикциите за патување на граѓаните на Америка, не ми е дозволено да патувам надвор од САД, но ќе бидам многу среќен дури и да почекам догодина за лично да ја подигнам наградата во Битола.

Со целата почит, Ви благодарам на сите што ја селектиравте мојата работа и го препознавте мојот придонес во полето на кинематографијата.

Јануш