Потребен беше цел ден да ги собереме импресиите! Навистина денес е еден од најсветлите денови во историјата на македонската кинематографија!

Honeyland со дури две номинации за Оскар за најдобар меѓународен филм и за најдобар документарец! Ни беше чест и привилегија што бевте наши гости токму на јубилејниот #Манаки40! Искрени честитки од целокупниот тим на Манаки, со нетрпение ја очекуваме финалната церемонија!