Копенхаген, 30 септември 2019

Драга Гена,

Би сакал да Ви се заблагодарам што ме поканивте да присуствувам на 40. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и да бидам вклучен во претставувањето на програма од грузиски филмови на фестивалот. Навистина уживав во филмската програма, вклучувајќи ги и одличните и полни со енергија мастеркласови со кинематограферот Ед Лакман и режисерот Фатих Акин.

Се воодушевувам на начинот на кој го користите фестивалот да ја едуцирате младата, локална публика преку поканување на ученици од училиштата на фестивалските проекции, и покрај тоа што некои од младите имаа потешкотии да прифатат еден филм како „Керол“, со неговата лезбејска љубовна афера.

Исто така беше одлично искуство да се присуствува на премиерата на македонскиот филм „Медена земја“ во преполната сала со локални филмски посетители.

Бев многу импресиониран од ефективниот и срдечниот начин на кој ги раководевте многуте различни задачи како директор на фестивалот. Воспоставивте пријатна, опуштена, но во исто време и професионална атмосфера, која даде простор за многу интересни неформални дискусии меѓу гостите. Научив прилично повеќе за работата на кинематограферите за време на мојот престој во Битола и уживав во секоја минута од фестивалот.

Срдечни поздрави,
Јеспер Андерсен
програмски директор
на кинотека при
Данскиот филмски институт