21 септември, Битола – Директорката на фестивалот Гена Теодосиевска, која се заблагодари на целиот тим на фестивалот за поддршката, љубовта и страста за филмската уметност, кој работеше сите овие денови за останатите овој фестивал да го почувствуваат за своја.

-Јас се обидов колку што можам да бидам битолчанка, не е лесно, но еве ќе се обидеме и понатаму да го чуваме духот на Битола, на урбана Битола која го сака филмот и го сака овој фестивал. Им благодарам на сите кои го допреа овој фестивал и до Агенцијата за филм и директорот Горјан Тозија, кој со својата поддршка ни помогна да го подигнеме овој фестивал. Тие го покачија буџетот годинава и се надеваме дека и понатаму ќе го покачуваат. Секоја приказна има свој крај, но ние нема да дозволиме ова да биде крај, туку еден нов почеток во пресрет на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и се надевам дека оваа сала повторно ќе биде полна со оние кои навистина го сакаат, го обожуваат и го вреднуваат филмот. Оваа година моето мото е „Оние што прашуваат ја носат светлината“, да прашуваме за да донесеме светлина затоа што на сите нам ни е потребна, порача Теодосиевска.