21 септември, Битола – На свеченото затворање на јубилејното 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ беа доделени традиционалните награди „Златна камера 300“, „Сребрена камера 300“, „Бронзена камера 300“, „Мала камера 300“. Одлуката ја донесе жири во состав: Ед Лакман, Калојан Божилов, Доминик Велински, Фејми Даут и Ненад Дукиќ.

Наградата „Мала камера 300“ ја доби кинематограферката Констанца Сандовал од Аргентина, за филмот „Чудовишен Господ“, поради поетичноста на сликата и суптилното користење на боите во приказната, а посебно признание доби Гијом Ле Гронтек за филмот „Комбето“ поради употребата на рачната камера која ги истакнува главните аспекти на приказната и употребата на боите на експресивен начин.

-Оваа награда многу ми значи, го сакам овој фестивал и во овој момент не би можела да бидам посреќна, ви благодарам, рече Констанца Сандовал која допатува од Аргентина во Битола за да учествува на ИФФК „Браќа Манаки“.