21 септември, Битола – На свеченото затворање на фестивалот беше прикажан филмот „Манаки – приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски. Вечерва на сцената се качија членовите на екипата, Роберт Јанкулоски, Мето Јовановски, Моника Мотеска и Андреј Серафимовски.

-Ова е за нас кинематограферите свето место. Овој филм е резултат на моето истражување на филмското творештво на браќата Манаки, го работевме 6 години, притоа водејќи се од максимата на Манаки „една слика за мене, една за историјата“. Сите ние кои создаваме некакви дела сме одговорни пред историјата и треба да го правиме тоа најдобро што можеме за да ја оправдаме оваа максима, рече Јанкулоски.