На 89 годишна возраст  почина големиот француски и светски кинематографер Пјер Лом (Pierre Lhomme), кој беше лауреат на Златна камера 300 за животно дело 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во 2017 година.

Пјер Лом е легенда на француската и европската кинематографија, работел со американскиот режисер Џејмс Ајвори, со кого има снимено четири, многу важни филмови за неговото творештво.

Во неговата 40-годишна кариера тој ги има снимено некои од ремек-делата на француската кинематографија, вклучувајќи го и филмот „Сирано де Бержерак“. Но и еден од најкултните филмови на сценаристот и режисер Жан-Пјер Мелвил, „Армија од сенки“ (1969).

Фестивалот „Браќа Манаки“ жали за заминувањето на својот пријател, посветен филмски уметник, лауреатот Пјер Лом.