Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал

///Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал

Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал

Словенечката секција на ИМАГО, по четвртата Регионална конференција на кинематограферите од Балканот што се одржа на 25 и 26 септември, 2018 година во рамки на 39. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, кое за нив беше  линк и инспирација, организираа фестивал на најуспешните филмови во последните две години од поранешните југословенски простори. Изборот го направија националните здруженија на кинематографери ASBH (Босна и Херцеговина), SAS (Србија), MSC (Македонија), HFS (Хрватска) и ZFS (Словенија). Сите здруженија предложија по еден игран, документарен и краткометражен филм. Проектот БалКам (balKAM)https://zfs.si/program/ се реализираше од 2 до 5 ноемеври, 2018 во Кинотеката на Словенија.

Овој проект идејно се развивал изминатите две години за време на одржувањето на конференциите на кинематограферите во Битола во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“.

Како што наведуваат организаторите од словенечката секција на ИМАГО, овој нов фестивал има амбиции филмовите да ги прикаже и во Загреб, Сараево, Белград и Скопје, а во своите идни изданија да вклучи автори и филмови од Грција, Романија и Бугарија.

Македонија на овој нов балкански фестивал во чиј фокус се кинематограферите ја претставуваше краткиот филм „Види ја ти неа“ (режија Горан Столевски, кинематографер Наум Доксевски), со кој и беше отворен фестивалот во Љубљана.

2018-11-04T17:10:54+00:004th ноември 2018|Соопштенија|