28 септември, Битола – Како дел од документарната програма, синоќа беше прикажан филмот „Кобра“ за животот на олимпиецот Шабан Трстена, во режија на Игор Иванов Изи. Тој рече дека филмот го направил на покана на продуцентот Томи Салковски и за него бил предизвик да направи еден документарен филм. Тој не сакал овој филм да има воајеристички пристап, туку да биде опсервација, една искрена приказна и да се пренесе вистинската состојба.