Почитувани продукции,

Ве покануваме да ги пријавите вашите краткометражни филмови, снимени годинава, доколку сакате потенцијално да бидат дел од селекцијата на програмата „Мак Поинт“ во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола што ќе се одржи од 22 до 29 септември 2018 година.

Станува збор за ревијална програма во која се селектрани најдобрите остварувања во македонската краткометражна играна и документарна продукција во тековната година.

Доколку сте заинтересирани ве замолувам испратете ги вашите пријави со линк од филмот на следната адреса: makpointmanaki18@gmail.com

 

Ве очекуваме!

Ана Василевска,
селектор на програмата „Мак Поинт“