Daily
D
A
I
L
Y
23-30 September 2017

Movie on! Touch the light

Прес конференција посветена на 38. издание на ИФФК Браќа Манаки

View the embedded image gallery online at:
http://www.manaki.com.mk/archive/2016/en/#sigProIdb154425ba9
final poster 2017 01 15 септември, Битола – ИФФК „Браќа Манаки“ денеска, во Битола ја објави целосната програма на годинешното 38. издание кое ќе се одржи од 23 до 30 септември, во Битола.  Десет различни филмски програми, награди за животно дело, годинава, за двајца великани на светската кинематографија, Џузепе Ротуно и Пиер Лом, 13 врвни кинематограферски остварувања во конкуренција за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300, кои, Благоја Куновски – Доре ги селектираше главно од водечките светски филмски фестивали во Кан, Берлин и Венеција. Тој, како директор на фестивалот рече дека и ова издание ќе биде реализирано, на најдобар можен начин и со позитивна енергија и покрај сите препреки што годинава ги имаше фестивалот.

Ви најавувам дека ќе може да очекувате уште едно добро издание. И 38-от „Браќа Манаки“ ќе биде успешен, пред се’ заради филмовите, имаме силна и квалитетна селекција што е костурот и главниот столб на нашиот фестивал. Програмата е солидна и разновидна, во главната конкуренција ќе понудиме дела на кинематографери од различни генерации. Тоа, впрочем, е една од нашите мисии – да откриваме нови таленти и нови кинематограферски ѕвезди на светскиот филм, рече Балгоја Куновски – Доре, директор на фестивалот.

Годинава, како гости на фестивалот, во Битола ќе пристигне рекорден број од десет кинематографери на филмовите во главната селекција.

-Од аспект на кинематограферите, ја продолжуваме врската, континуитетот на застапеност на оние кои веќе учествувале на предходни наши изданија и се закитиле со награда, со што придонесуваме за поголема светска афирмација и на фестивалот и на самите кинематографери. Покажуваме дека квалитетот е наш приоритет, без оглед дали се работи за докажани мајстори или на новите таленти. А и покрај тешките моменти што ги имавме при подготовката на ова издание, правевме се’ што е во наша можност со сознанието дека Битола е филмски град и ние тоа ќе го негуваме додаде Куновски, на денешната прес конференција.

 

На гала отварањето на фестивалот, на 23 септември, фестивалската публика ќе ја види македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“, на режисерот Милчо Манчевски, а веднаш потоа ќе биде прикажана премиерата на бугарско-македонската копродукција „Насоки“, во режија на Стефан Командарев.

Фестивалот ќе го затвори филмот од Велика Британија, „Нека влезе сонцето“, на искусниот тандем режисерката Клер Дени и кинематограферката Ањес Годар.Milcho Manchevski portrait 1

Како дел од програмата ќе биде прикажан и македонскиот филм „Кога денот немаше име“ на сесрите Теона и Лабина Митевски, каде кинематографка е познатата Ањез Годар, лауретка на фестивалот Браќа Манаки.

Годинашен добитник на специјалната Камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е македонскиот и светски режисер и сценарист Милчо Манчевски. Тој на фестивалот Браќа Манаки ќе одржи мастер класа, а наградата свечено ќе му биде врачена на затворањето на фестивалот на 30 септември.

Зоран Димовски, в.д. директор на Центарот за култура во Битола од свое име ги поздрави директорите на фестивалот и рече дека како и во изминатите децении Центарот ќе ги стави своите капацитети на располагање на фестивалот.

-Фестивалот „Браќа Манаки“ е дел од културата и од историјата на Битола и ние затоа ќе се потрудиме да помогнеме да се одржи уште едно успешно издание на овој фестивал. А и 3Д киното ќе биде уште една можност публиката да ужива во филмовите, рече Димовски.