Почитувани продукции,

Ве известуваме дека има отворен повик за учество-селекција во програмата „Мак Поинт“ на престојното 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.
Станува збор за програма во која се селектрани солидни остварувања во македонската продукција од краткометражниот, анимираниот, експерименталниот и документарниот филм.
Право на учество имаат сите домашни продукции кои во минатата година оствариле професионален филм независно дали тој веќе бил премиерно прикажан или учествувал на друг фестивал. Повикот е отворен до 1 јули, 2019 година.
Оваа програма нема компетитивен каракатер.

Копии и линкови од Вашите филмови можете да испратите на следната адреса makpointmanaki18@gmail.com

Селектор и координатор на програмата Ана Василевска