Одземањето на „Браќа Манаки“ од ДФРМ ќе има штетни последици врз неговото реноме и развој

ИМАГО/IMAGO е европска федерација на кинематограферите, која всушност е асоцијација на сите светски здруженија на филмските професионалци, во најновиот каталог за 2017 година ја вклучи и Македонија, под уставното име, како членка на оваа влијателна асоцијација. Главна цел на работата на ИМАГО се промоцијата и заштитата на техничките и уметничките вредности на кинематограферската професија.

Денес, оваа федерација брои околу 50 членки, национални асоцијациии на филмски професионалци, со повеќе од 4000 членови од сите делови на светот.

ИФФК „Браќа Манаки“ има повеќегодишна плодна соработка со оваа влијателна кинематограферска асоцијација., со оглед на фактот што овој најголем македонски филмски фестивал, како прв и најстар во светот, ги слави и вреднува високите уметнички достигнувања на кинематограферската креација. За имињата што биле гости и добитници на највисоките награди на фестивалот „Браќа Манаки“ сведочи и Клубот на великаните на фестивалот, односно добитниците на Златна камера 300 за животно дело, вбројува кинематограферски имиња кои снимале филмови кои ја исполнуваат антологијата на светската седма уметност: Sven Nykvist, Fredie Franscis, Jerzy Wojcik, Miroslav Ondricek, Tonnino Delli Colli, Vittorio Storaro, Dante Spinotti, Walter Carvalho, Raoul Coutard, Vadim Ivanovic Jusov, Peter Suschitzky, Luciano Tovoli, Billy Williams, Vilmos Zsigmond, Michael Ballhaus, Jose Luis Alcaine, Chris Menges, Jaromis Sofr, Robby Mueller и John Seale и други.

Во рамки на последното, 37-то издание на фестивалот „Браќа Манаки“ беше одржан и Конгресот на ИМАГО, за што во Октомврискиот број/2016, на угледното британско стручно списание „British Cinematographer“, одразувајќи го своето и восхитувачкото мислење на над 50 присутни светски делегати кинематографери во Битола, во текстот на две големи страници и со шест фотографии, новоизбраниот претседател на светската федерација на ИМАГО, Пол Рене Рестад, пишува под насловот: СОБРАНИ ОДНОВО ЗАЕДНО/ GETTINGTOGETHER AGAIN, потенцирајќи во поднасловот : “Имаго имаше успешно годишно Собрание во Битола, Македонија, организирано во текот на големиот Фестивал на светските кинематографери Браќа Манаки ”/“Imago had a successful Annual General Assembly in Bitola, Macedonia, arranged during the great Manaki Brothers Cinematographers Festival…”.

Со досегашното реноме на ИФФК Браќа Манаки, кој постои 37 години, а особено по независноста на Република Македонија во последните над 25 години, откако тој стана интернационален, се вградени исклучителни напори на ДФРМ како основач и оранизатор со неговото членство, особено лични контакти на директорите и на селекторите на фестивалот „Браќа Манаки“, за да прерасне во еден од најзначајните фестивали во светот посветен на креативноста на кинематограерите.

Тенденциозната и проsирна ad-hoc појава на паралелна организација како што е „Центар за филм – Битола“, состав на партиски протежеа, кои сакаат преку лов во матно да го преземат фестивалот, се руши автоматски поради својата блеферска, манипулаторска природа, демантирано од ноторните факти дека-ДФРМ е иницијатор/основач и организатор на Интернационалниот Фестивал на Филмската Камера/ИФФК-Браќа Манаки, кој не е сопственост ниту на владата, ниту на поединци, ниту на Агенцијата за филм , туку на сите граѓани на Македонија, во чиј интерес е да се градат културни вредности од висок ранг, при што натрапништвото на групата предводена од Димитар Николов Таки, е непотребна опасност да се наштети на интернационалното тешко стекнато долгогодишно реноме на фестивалот!!!

Многу пати е повторено дека културата е најдобар претставник на една држава, дека филмот како најпопуларна уметност е всушност најголем амбасадор на секоја држава и национална култура, и за Република Македонија со фестивалот Браќа Манаки се успеа токму тоа – тој да стане висок интернационален репрезент на културата и на светските уметничките достигнувања, иако поткенува од една мала земја. Вештачки измислениот проблем, подгреан за жал и од хипокритското и партиски обоено навивачко однесување на првиот човек-директорката на Агенцијата за Филм која испрати 2 спорни/контроверзни дописа!?, со непотребно наметнати внатрешни турбуленции предизвикани од обидот за насилно преземање, ја наметнува потребата за итно потврдување од страна на Агенцијата и нејзините тела, Советот и Управниот одбор, дека единстената вистина е- ДФРМ како основач да продолжи со организацијата на ИФФК Браќа Ман аки!- Зашто, ако навреме не се прекине сета оваа политикантска конструкција поткрепена со вештачки документ од актуелниот градоначалник на Битола, без знаење на Советот на општината?! ќе има последици врз сето она што е досега постигнато, бидејќи со намерите на здружението предводено од Димитар Николовски Таки, ќе се прекине традицијата и досегашниот континуитет во развојот на фестивалот и престижќните интернационални резултатите што ги постигнал за промоција и афирмација на македонската држава и култура.

Во најновиот каталог на ИМАГО за 2017 година (приложени се факсимил фотографии од оригиналниот каталог), вклучена е адресата на ДФРМ со македонското државно знаме и уставното име на Република Македонија, како директен партнер на ИМАГО и наброени се и кинемаограферите-членови на ДФРМ/ Друштвото на филмските работници на Македонија.

Па, така, под претпоставка за валканата фантазија на недокваканите аспиранти, нејасно би било, како новоформираното здружение „Центар за култура – Битола“, со кој образ? и со каква професионална компетентност мисли да соработува со оваа светска влијателна асоцијација, ако има намера да го одземе/украде фестивалот токму од оние што се директно засегнати за неговиот успех и развој – а тоа се најстручните-кинематограферите со својата секција во рамките на ДФРМ, Македонското Имаго, заедно со сите професионално докажани филмски работници на Македонија.

2017-09-21T11:00:15+00:0024th March 2017|Press releases|