Друштвото на филмски работници на Македонија е единствениот легитимен организатор на фестивалот „Браќа Манаки“

Скопје, 22 март – Агенцијата за филм до Друштвото на филмските работници на Македонија кое како правен субјект, 37 години го организира Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, испратила допис со кој го известува дека и друго здружение побарало финансиски средства за организирање на овој фестивал и од Друштвото бара дополнителни документи со кои треба да докаже.
 „Од една страна со години наназад организатор на Фестивалот е Друштвото на филмски работници на Македонија, а од друга страна апликантот Центар за филм Битола приложи Решение од Државниот завод за индустриска сопственост со кое се потврдува дека Општина Битола го поседува правото на брендот ИФФК ‘Браќа Манаки’, сметаме со цел фестивалот да го запази реномето да ја запазиме правна процедура“, се наведува во дописот од директорката на Агенцијата, Мими Ѓоргоска Илиевска.
Од Агенцијата бараат во најкус можен рок двата апликанти да достават долнителени документи во врска со основањето и основачите на ИФФК „Браќа Манаки“.
Претседателот на ДФРМ, Роберт Насков, заедно со сегашниот директор на фестивалот, Благоја Куновски и со поранешните директори, Томи Салковски, Лабина Митевска и Горјан Тозија, како и со дојаените на македонската кинематографија Владо Самоиловски и Драган Салковски, одржаа прес конференција на која остро се спротивставија на можноста, на Друштвото да му биде одземено организирањето на фестивалот.
– Членовите на Собранието на ДФРМ го разгледаа овој допис од Агенцијата и згрозени сме, но не и изненадени. Одлучивме пред македонската јавност да ја обелодениме намерата на одредена група луѓе да го преземе фестивалот. Со оглед на тоа што „Браќа Манаки“ се финасира од буџетот на РМ, односно од граѓаните, сакаме да ја информираме јавноста дека ова е напад врз Друштвото на филмските работници на Македонија и напад врз македонската филмска уметност. Нашата порака е дека ние, оваа генерација македонски филмаџии, нема да дозволиме да му се наштети на фестивалот „Браќа Манаки“ и на оваа културна традиција со највисоки вредности, која ја негуваме веќе 37 години, рече Роберт Насков, претседател на ДФРМ.
Актуелниот директор на фествалот, Благоја Куновски – Доре рече дека за фестивалот кој во себе го носи предзнакот интернационален не смее да се меша политиката.
– „Браќа Манаки“ е аполитична република на филмот која е посветена на филмаџиите. Не можат случајни луѓе, искористувајќи ја ситуацијата, да наследат такво богатство какво што е фестивалот „Браќа Манаки“, кој во овие изминати 37 години беше домаќин на најврвните имиња на светската кинематографија. Погледнете кој се’ е во Клубот на великаните, погледнете што објави октомврискиот број на влијателното британско списание “Кинематографер“ и ќе ви стане јасно за какво непроценливо богатство станува збор.
Фестивалот не смее да се политизира. Се надевам дека ќе надвладее разумот, но и оваа министерка за култура и оваа директорка на Агенцијата за филм и и оваа влада и сите идни креатори на културната политика треба да сфатат дека се тука во служба на фестивалот и финасиски да го помагаат, затоа што тоа не се нивни пари, туку пари од буџетот, од граѓаните кои сакаат културни вредности како што е фестивалот „Браќа Манаки, рече Куновски.
Томи Салковски, продуцент и поранешен директор на фестивалот нагласи дека им бараат документи за, како што рече, да се докажуваaт со некаква организација и појасни дека организатор на фестивалот „Браќа Манаки“ е ДФРМ, кое е правно лице што го организира фестивалот. Самата манифестација не е правен субјект, тоа стои во сите правни акти и во статутот на ДФРМ. 
 Поддршка за Друштвото на филмските работници како единствен легитимен организатор на фестивалот дадоа и поранешните директори Лабина Митевска и Горјан Тозија, како и доајените на македонската кинематографија, Драган Салковски, еден од основачите на Друштвото на филмски работници и кинематограферот Влатко Самоиловски. Сите се едногласни дека е скандолозно што се прават обиди за одземање на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ од Друштвото на филмски работнци на Македонија. Претседателот Насков нагласи дека ДФРМ со сите средства ќе го брани фестивалот.
 – Ние сме шокирани што Агенцијата ни бара да се докажуваме со некое здружение што вчера се формирало, прво ја информиравме македонската, но ќе ја информираме и меѓународната јавност за овој обид да му се наштети на реномето и на самиот фестивал, рече Насков.
2017-09-20T16:43:58+00:0022nd March 2017|Press releases|