Home2019-09-20T15:30:28+02:00

MANAKI DAILY


ICFF “Manaki Brothers” is under the patronage of the President of the Republic of North Macedonia, H.E. Stevo Pendarovski


PARTNERS



   


 PLATINUM PARTNER



CREATIVE PARTNER



FESTIVAL SUPPORTERS



SPONSORS


     


MEDIA SPONSORS


       

Драга Гена,

Вчера се одржа годишното собрание на Факултетот за драмски уметности, на кое, продеканот го издвои како значаен успех учеството на нашите студенти на фестивалот „Браќа Манаки“. Тој го порача ова во своето обраќање пред сите присутни на свеченоста.

Се гордееме што сме дел од вашиот фестивал.

Проф. Нарциса Даријевиќ Марковиќ,
ФДУ, Белград
... See MoreSee Less

View on Facebook

Драга Гена,

Би сакал да Ви се заблагодарам што ме поканивте да присуствувам на 40. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и да бидам вклучен во претставувањето на програма од грузиски филмови на фестивалот. Навистина уживав во филмската програма, вклучувајќи ги и одличните и полни со енергија мастеркласови со кинематограферот Ед Лакман и режисерот Фатих Акин.

Се воодушевувам на начинот на кој го користите фестивалот да ја едуцирате младата, локална публика преку поканување на ученици од училиштата на фестивалските проекции, и покрај тоа што некои од младите имаа потешкотии да прифатат еден филм како „Керол“, со неговата лезбејска љубовна афера.

Исто така беше одлично искуство да се присуствува на премиерата на македонскиот филм „Медена земја“ во преполната сала со локални филмски посетители.

Бев многу импресиониран од ефективниот и срдечниот начин на кој ги раководевте многуте различни задачи како директор на фестивалот. Воспоставивте пријатна, опуштена, но во исто време и професионална атмосфера, која даде простор за многу интересни неформални дискусии меѓу гостите. Научив прилично повеќе за работата на кинематограферите за време на мојот престој во Битола и уживав во секоја минута од фестивалот.

Срдечни поздрави,
Јеспер Андерсен
програмски директор
Кинотека
Дански филмски институт
... See MoreSee Less

View on Facebook

Директорката на ИФФК „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска беше член на жирито на меѓународната филмска критика ФИПРЕСЦИ на IDFA - Интернационалниот фестивал на документарни филмови во Амстрдам. Заедно со Александар Зварт (Alexandar Zwart) од Холандија и Зане Балчус (Zane Balchus) од Латвија.

ICCF Manaki Brothers's director Gena Teodosievska was a member of the international film critic FIPRESCI's jury at IDFA -International Documentary Filmfestival Amsterdam. Together with Alexandar Zwart from Netherlands and Zane Balchus from Latvia.
... See MoreSee Less

View on Facebook